За Нас

Друштво за трговија и услуги АЛГО НЕМЕТАЛИ ДОО е приватна компанија која е формирана во 2004 година и која успешно работи во областа на рударството и со него поврзано проектирање.

Наша основна дејност е експлоатација на минерална суровина – гнајсни шкрилци и кварц на локалитетот „Големи Орљак“ Ѓердан Плочи с. Отошница, општина Ранковце, со која отпочнавме по добивањето на одобрението за експлоатација бр. 24-4025/5 од 18.08.2006 и потпишувањето на Договорот за концесија за експлоатација бр. 24-4025/4 од 22.06.2006.

Со добивањето на одобрението за работа се отпочна со експлотација на гнајсни шкрилци кои се со сиво плава боја. Основното производство на почеток се состоеше од камени плочи со неправилна форма, а подоцна со изградбата на призводниот погон се воспостави линија за кршење со хидраулични и механички преси со кои се произведуваат тули од природен камен. Исто така е воспоставен линија за сечење со која се произведува сечен украсен камен со стандардни ширини, а исто така и со димензии по порачка.

Намената на нашите производи е за декоративно уредуване на надворешни и внатрешни површини односно патеки, подови, фасади, фонтани, потпорни ѕидови, оџаци, внатрешно уредување на ѕидови, скали, камини.

Потврдата за квалитет на нашите производи е докажана со Холандски сертификат со кој е добиена дозвола за користење на истиот како градежен материјал на европскиот пазар.